Македонија ЃП го има лекот за Гостивар, лавовите им ја прекинаа серијата од 17 меча без пораз!

by
1 минути читање

Пред денешниот меч Гостивар последен пат имаше загубено токму од Македонија Ѓорче Петров, тоа беше на 17 септември 2023. Оттогаш гостиварци имаа серија од 17 натпревари без загубен меч, но на неа и дојде крајот.

Победата ја најави Крсте Велкоски со гол од пенал во 14. минута, на ист начин израмни Кехинде по половина час игра. Но, Стоилов, Балотели и Велчиковски постигнаа голови за победа на Македонија која првпат оваа сезона врза две победи.

Работнички со 2-1 загуби на гостувањето кај Брера, Шкендија со 4-1 беше подобра од Брегалница, Струга со 3-1 ја победи Боска.

РЕЗУЛТАТИ

Брера – Работнички 2-1

Гостивар – Македонија ЃП 1-4

Шкендија – Брегалница 4-1

Струга – Воска 3-1

ТАБЕЛА:

Струга 54 бода, Шкупи 51, Шкендија 48, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 30, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Македонија ЃП 24, Брегалница 22.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани