Тренерот на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами потенцира дека ЦСКА Софија е фаворит, но вели дека добро го анализирале противникот и ги знаат неговите слабости.
„Утре пред нас е тежок меч, играме против гигант каков што е ЦСКА Софија. Тие се фаворити, врз нив е притисокот, но ние одлично ги анализиравме. Ги знаеме нивните добри страни, но имаат и слаби страни кои ќе се обидеме да ги искористиме. Верувам дека ќе одиграме одличен меч, се подготвувавме 40 дена за овој дуел и максимално сме подготвени. Тие се фаворити, но гледаме дека во фудбалот има многу изненадувања, зошто да не направиме и ние едно“, вели Бајрами.
Капитенот Ермедин Адем вети дека фудбалерите ќе го дадат максимумот на теренот.
„Ние сме млад тим кој треба допрва да се докажува иако меѓу нас има играчи кои сме играле во Европа. Ова е шанса да видиме до каде сме. Нема притисок врз нас, ќе го дадеме максимомот за да одиме во Софија со позитивен резултат. Тешко е да се игра на вакви горештини, но сме играле и на потопли денови, па нема да биде проблем, ќе се справиме со тоа. Како за нас, така ќе биде и за нив“, вели Адем.
Фото: Македонија ЃП