176
Македонија Ѓорче
Петров ги засили сопствените редови со 24 годишниот италијански напаѓач Годберг
Бери Купер, чиј последен клуб до декември беше четвртолигашот Лавело.
Во својата
кариера Купер има настапувано и за албански Кукеши, меѓутоа и за швајцарски
Шафхаузен, а во редовите на македонскиот прволигаш доаѓа како слободен играч на
трансфер пазарот.
Македонија Ѓорче
Петров со 27 бода од 18 одиграни кола во Првата лига на Македонија се наоѓа на
шестото место на табелата.