Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

by
1 минути читање

Уште едно финале од Купот на Македонија во кое немаше голови во текот на 120 минути. На теренот се случуваше тактичка битка меѓу Македонија Ѓорче Петров и Силекс која не беше убава за гледање од страна на неутралната публика.

Македонија Ѓорче Петров го имаше поседот на топка, Силекс се бранеше и се обидуваше од контра напади да го загрози голот на противникот.

Најдобрата шанса на мечот ја имаше Силекс преку Антонио Каланоски кој се најде во идеална позиција но голманот Христијан Стефковски го одбрани неговиот удар.

Во пенал серијата херој на Македонија Ѓорче Петров беше токму голманот Стефковски кој со движења по гол линијата се обидуваше да го насочи шутот на фудбалерите на Силекс и да ги одбрани ударите, тоа му успеа двапати, доволно за победа.

Стефковски ги одбрани ударите на Бухан Алии и Благоја Спирковски, за Македонија Ѓорче Петров промаши само Јован Попзлатанов кој се обиде со паненка да донесе победа во четвртата серија, но се посрамоти. 

Пенал серијата заврши 4-3. За Македонија Ѓорче Петров во пенал серијата погодија Адем, Личина, Атанаскоски и Емини, за Силекс прецизни беа Цветановски, Стојчевски и Каланоски.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани