Фарските Островои тешко ја продадоа кожата во Скопје, ги победивме со гол на Миовски дури во финишот од натпреварот.
„Никој тренер не е задоволен кога ќе загуби, но морам да бидам горд на мојот тим. Ја почитувам Македонија, но тоа што го одигравме денеска беше подобро отколку на мечот против Молдавија иако имавме седум нови играчи“, изјави селекторот Ериксон.
Тој даде коментар и за македонската репрезентација.
„Го скаутиравме вашиот тим многу добро, имате многу добар технички тим, во ситуациите еден на еден некои фудбалери се неверојатни. Имате играчи што прават голема разлика. Одбраната не ви е јака страна и играта без топка треба да ја менаџирате подобро, тоа е тоа што го видов денеска. Но ја имате победено Италија, па зошто да не го направите тоа повторно“, кажа селекторот на Фарски Острови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.