257
Македонската фудбалска репрезентација ја очекува гостувањето кај Словенија во Љубљана во второто коло од Б-сегментот во Лигата на нации, а УЕФА веќе ја одреди судиската екипа за овој натпревар.
Правдата на „Стожице“ ќе ја дели италијанска судиска четворка. Главен арбитар ќе биде Андреа Коломбо, на кого ќе му помагаат Џовани Бачини и Валерио Колароси.
Четврти судија ќе биде Матео Марчети, додека за ВАР-технологијата ќе бидат задолжени Мајкл Фабри и Федерико Ла Пена.
Дуелот меѓу Словенија и Македонија е закажан за вторник со почеток од 20:45 часот.