Македонија денеска ќе ги дознае противниците за баражот за СП 2022

by
1 минути читање

Македонија денеска ќе го дознае својот противник во полуфиналето и можниот ривал во финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот.

Во полуфиналето ќе играме со некој од носителите: Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска или Велс.

А во групата на неносители покрај Македонија се уште и селекциите на: Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.

Ќе бидат формирани три групи, ќе се игра по фајнл-фор принцип, полуфинале и финале, победниците од секоја група ќе одат на Светското првенство.

Полуфиналните натпреварите ќе се играат на теренот на носителите, што значи дека ќе гостуваме кај селекцијата која ќе ја добиеме. А домаќинот на финалните мечеви ќе биде одреден со ждрепка.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 24. март 2022, финалињата се на 29. март.

Светското првенство ќе се игра од 21. ноември до 18. декември. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×