162
Македонија денеска ќе дознае во која група ќе игра во новата епизода од Лигата на нациите.
Во втората сезона останавме во Ц-дивизијата, па повторно ќе добиеме противници од ова ниво.
Ние сме во вториот шешир заедно со репрезентациите на Грција, Белорусија и Луксембург. Тоа значи дека ниту една од овие селекции не може да ни се падне.
Од првиот шешир можеме да добиеме некој од Турција, Словачка, Бугарија или Северна Ирска. Во третиот шешир се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово.
Во последниот шешир се Гибралтар и Фарските острови, како и победниците од плеј-аут мечевите од втората сезона кои допрва треба да се играат, Казахстан – Молдавија и Кипар – Естонија.
