Македонецот може да се врати во Милано: Пандев е опција за Интер!

by
1 минути читање

Газета дело спорт пишува дека најдобриот
македонски фудбалер, 34 годишниот Горан Пандев кој се уште го нема продолжено договорот со Џенова, би можел да се врати во Интер.

Според
информациите кои ги пренесува италијанскиот медиум, Пандев се споменува како
идеално решение за засилување на резервните напаѓачки опции за тимот од Милано,
за Мауро Икарди.

Сепак, ќе
потенцираме дека за Интер приоритет е Николас Гонзалес од Аргентинос Јуниорс, а
доколку не дојде до реализација на негов трансфер, тогаш опција меѓу повеќето е
и Пандев.

Како за
потсетување, Струмичанецот беше дел од редовите на Интер во сезоната 2009/10
кога тимот од Милано под водство на Жозе Мурињо стигна до историската „триплета“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани