87
Наследникот на легендарниот октопод Пол, белата глува
мачка од музејот Ермитаж во Санкт Петербург ја имаше втората прогноза.
Во пресрет на
дуелот помеѓу домаќинот Русија и Египет, на Ахил му беа понудени две чинии со
храна а мачката ја одбра онаа со знаменецето на „Зборнајата“.
Останува да се
види дали прогнозата ќе биде успешна како онаа првата, кога Ахил најави победа
за Русија во воведниот натпревар на мундијалот против Саудиска Арабија.