65
Иако Хрватска го загуби финалниот меч против Франција, Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.
Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Светското првенство.
А наградата за најдобар стрелец оди во рацете на Англичанецот, Хари Кејн кој постигна шест погодоци.
Златната ракавица за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа од Белгија.
Трофејот за фер-плеј и припадна на Шпанија.