По фантастичната сезона во Ајнтрахт Франкфурот каде постигна 27 голови, Реал Мадрид за Јовиќ плати 60 милиони евра за да го донесе на Бернабеу.
Но засега работите се одвиваат лошо, Јовиќ уште нема дадено гол, настапи седум пати за Реал Мадрид, не беше дел од последните мечеви против Гранада и Клуб Бриж, а против Атлетико Мадрид влезе во самиот финиш.
Јовиќ веќе не е прв напаѓач ниту во српската репрезентација, последен пат на теренот беше во септември кога селекторот Тумбаковиќ го стави во игра во последните три минути од дуелот со Португалија.
По Португалија следуваше дуел со Луксембург, Јовиќ не беше ниту во составот а официјалните информации велеа дека е повреден. Но четири дена подоцна играше за Реал Мадрид, па многумина се сомневаа во соопштението на федерацијата дека се работи за повреда.
Јовиќ оваа сезона има одиграно само 222 минути досега што е фрустрирачки за напаѓач кој е платен 60 милиони евра.
Останува да видиме дали среќата на српскиот фудбалер ќе се промени во наредните месеци и тој ќе искористи некоја од шансите кои ќе му ги даде Зидан и ќе покаже зошто Реал Мадрид плати толку за неговите услуги.