Луис Енрике пред реваншот: Не се залажуваме со предноста – ќе биде сосема поинаков меч

by 24 фудбал
1 минути читање

Во пресрет на реваншот со Арсенал, Луис Енрике истакна дека Пари Сен Жермен сосема заслужено стигнал до полуфиналето и дека неговиот тим ќе бара уште еден чекор напред кон големото финале во Лигата на шампионите.

Ние сме тука затоа што тоа го заслуживме. Сакаме да се подготвиме максимално и повторно да победиме. Нашата втора сезона заедно веќе носи напредок во стилот на игра, но и во вербата во себе. Целта е постојан раст – ниво по ниво, резултат по резултат, рече Енрике.

Францускиот гигант доаѓа со минимална предност од 1-0 од Лондон, но шпанскиот стратег предупредува дека нема место за опуштање и најавува променет пристап на „Паркот на принцовите“.

Ќе мора да бидеме на исто ниво како минатата недела, но и подобри. Многумина очекуваат сличен меч, но гарантирам – ќе видите нешто сосема поинакво. Не смееме да се потпреме на предноста – реваншот ќе бара друга енергија и друг пристап“.

Парижаните ќе го дочекаат Арсенал во вторник (7 мај) пред полни трибини и 48.000 фанови на „Паркот на принцовите“, со почеток од 21:00 часот. Очекувањата се за спектакл, а Енрике верува дека неговите избраници се подготвени за уште еден чекор до фудбалскиот Олимп.

Фото/Photo: UEFA

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани