Лудо дерби на Емирати, Арсенал со гол во 90. минута го победи Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал освои многу значајни три бода во битката за титулата и веројатно го откажа Манчестер јунајтед од трката иако има уште многу да се игра.

А мечот почна идеално за Манчестер јунајтед, со супер шут на Маркус Рашфорд во 17. минута, тие поведоа со 1-0.

Предноста на Јунајтед траеше само седум минути кога по нафрлување на Џака, Нкетија погоди со глава за израмнување на 1-1.

По осум минути игра во второто полувреме Сака постигна прекрасен гол од далечина за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1.

Но, шест минути подоцна резултатот повторно беше изедначен, Лисандро Мартинез искористи една грешка на домаќините и со глава погоди за 2-2.

Кога се чинеше дека нема да има победник на овој натпревар, Нкетија даде гол за победа на Арсенал од 3-2.

Арсенал сега има дури 11 бодови повеќе од Манчестер јунајтед и натпревар помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×