Второлигашите одиграа навистина лудо коло, бидејќи во рамките на 11. рунда на ВМФЛ на осум натпревари паднаа дури 38 погодоци, а тоа е во просек по 4,75 гола на натпревар.
Само на две средби имаше по два гола, лидерот Шкендија Арачиново го победи Кожуф со 2-0, а нерешени 1-1 одиграа Детонит и Новаци. Најубедлива беше Беласица која со 8-1 го декласира Вардар Неготино, Осогово со 6-0 ја совлада Победа, а Охрид и Тетекс одиграа голеада (4-3).
Резултати од 11. коло на ВМФЛ:
Беласица – Вардар Неготино 8-1
Детонит Плачковица – Новаци 1-1
Скопје – Преспа 2-0
Големо Коњари – Саса 1-3
Охрид – Тетекс 4-3
Осогово – Победа 6-0
Слога Виница – Брегалница 2-4
Шкендија Арачиново – Кожуф 2-0
Табела: Шкендија Арачиново 29, Брегалница 27, Охрид 24, Скопје 23, Беласица 22, Детонит Плачковица 19, Новаци 17, Кожуф 16, Осогово 16, Каменица Саса 13, Тетекс 10, Победа 10, Вардар Неготино 10, Преспа 6, Слога Виница 4, Големо Коњари 3