Луда сцена во Шкотска: Ренџерс дадe неспортски гол, па тренерот ги натера да му пуштат на противникот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Инцидентот почна во 70. минута. Играч на Глазгов лежеше повреден на теренот, по што гостинските фудбалери ја исфрлија топката. Играчите на Ренџерс им ја вратија, но Тилман одигра неспортски, веднаш им ја зема топката и постигна гол. Настана мешаница, фудбалерите се фатија за гуша.

Тогаш реагираше тренерот на Ренџерс кој им нареди на своите фудбалери да им пуштат гол на играчите на Патрик Тистл. Тоа и се случи, гостите тргнаа од центар и непречено од никој постигнаа гол за израмнување на 2-2.

Во финишот од мечот Ренџерс постигна уште еден гол, победи со 3-2 и се пласираше во следното коло од купот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани