Луд натпревар на Етихад, Сити во второто полувреме го „прегази“ Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Луд натпревар на Етихад, Манчестер Сити со голем пресврт во второто полувреме стигна до трите бода во дуелот против Тотнем.

Во финишот на првото полувреме, Едерсон имаше едно несигурно додавања а Кулушевски донесе предност од 0-1.

Пред судијата да свирне крај, следуваше нов шок за Манчестер Сити, Емерсон со глава го совлада Едерсон и донесе 0-2.

Но во вториот дел на теренот истрча еден поинаков Манчестер Сити и предноста за кратко време беше анулирана.

Алварез намали на 1-2 во 51. минута, за Халанд да изедначи на 2-2 во 53. минута. Пресвртот беше комплетиран десет минути подоцна, Марез го изненади Лорис на поблиската статива за 3-2.

Во последните минути од натпреварот, Марез го постигна својот втор гол и ги постави конечните 4-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани