Атлетико Мадрид е
првата голема жртва во Копа дел Реј. „Колчонероси“ се елиминирани откако Жирона
одигра одличен натпревар на „Ванда“ и благодарејќи на гол повеќе во гости се
пласираше во четвртфинале.
Домаќините добро
го започнаа мечот, Калиниќ погоди за 1-0, но Валери со прекрасен гол донесе изедначување
во 37. минута. По еден час игра, Стуани навести изненадување и ја затресе
мрежата на Атлетико за 1-2.
Но избраниците на
Симеоне никогаш не се предаваат, па Кореа изедначи на 2-2 во 66. минута за
Гризман да реализира во 84. минута за 3-2. Драмата не запре и Думбија само три
минути подоцна донесе 3-3.
Атлетико има за
што да жали, со помош на ВАР им беа поништени два гола, но вториот се чини дека
беше регуларен и судиите направија грешка. Домаќините исто така бараа и
прекршок врз годин на стартот од акцијата при вториот гол на Жирона, но судијата
со помош на ВАР пресече дека се е регуларно.