Луд меч, Арсенал во 97. минута го победи Борнмут, конечно триумф и за Челси! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кога се чинеше дека Арсенал ќе загуби два бода во дуелот со Борнмут, Нелсон кој влезе во финишот од натпреварот победи пред последниот судиски свиреж и донесе победа од 3-2.

Борнмут имаше водство од 2-0. Поведоа со вториот најбрз гол во историјата на Премиерлигата, Билинг реализираше во 9. секунда за водство. Во 57. минута Сенеси зголеми на 2-0 за гостите.

Пет минути подоцна Парти намали на 1-2 и го врати Арсенал во живот, а Вајт во 70. минута реализираше за 2-2.

Топчиите се мачеа да дојдат до комплетен пресврт, а тоа се случи кога ретко кој очекуваше. Во 97. минута Нелсон погоди за победа од 3-2.

Грем Потер конечно го водеше Челси до победа, минимална од 1-0 над Лидс. Голот го даде Фофана по осум минути игра во второто полувреме.

Тотнем со 1-0 загуби на гостувањето кај Вулвс, со истиот резултат Астон Вила го победи Кристал Палас. Убедлив беше Брајтон кој со 4-0 беше подобар од Вест Хем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×