80
Откако се пресели во Ливерпул, Дејан Ловрен немаше добра сезона, со серија киксови предизвикуваше потсмев кај фудбалската јавност.
Во последно време го крена нивото на игра, па сега самобендисано вели дека е еден од најдобрите дефанзивци во светот.
„Луѓето велат дека сум имал тешка сезона, но јас не се сложувам со тоа. Играв со Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите и сега со мојот национален тим сум во финалето. Мислам дека луѓето треба да препознаат дека јас сум еден од најдобрите дефанзивци во светот, а не само да зборуваат глупости“, вели Дејан Ловрен.