Лопетеги се пожали: Реал Мадрид не ми даде време

by
1 минути читање

Хулен Лопетеги
смета дека Реал Мадрид не му дал доволно време на клупата на таа екипа, а
поранешниот шпански селектор се соочи со отказ на таа позиција, која ја наследи
Сантијано Солари.

Лопетеги доби
отказ од клупата на Реал Мадрид веднаш по дебаклот од Барселона на Камп Ноу и
поразот од 5-1 во октомври ланската година, оставајќи го тимот на
катастрофалното деветто место на табелата од Примера во тие моменти.

Немав време, тоа
е веројатно најдобрата причина која ја посочил
“ рече Лопетеги во изјава за ББЦ.

Имавме добар
старт, тимот играше одлично, но, потоа следеа три исклучително лоши седмици,
едноставно само се надевате на тоа дека ќе добиете време за да пронајдете
солуција, сигурни бевме дека ќе ја надминеме таа ситуација
“ додаде Лопетеги кој
притоа искажа почит кон новиот тренер Солари.

Имам целосна
почит до Солари, како и неговиот стручен штаб, истото важи и за играчите, ги
сакам, имаа одличен однос кон мене, никогаш не би рекол ниту еден лош збор за
Реал Мадрид, да се менаџира со таков тим е неверојатно искуство за било кој
тренер
“ заклучи Лопетеги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани