81
Хулен Лопетеги го
објави конечниот список на фудбалери за селекцијата на Шпанија за претстојното
Светско првенство во Русија кое се одржува идниот месец, но, на истиот немаше
место за напаѓачот на Челси, Алваро Мората.
Лопетеги
објаснува дека ќе се сконцентрира на фудбалерите кои ги повикал, а на кратко
објасни и зошто немаше место за Мората во неговиот избор.
„Разговарав со
одредени фудбалери кои имаше можност да се најдат на списокот, нема да бидам
конкретен по ова прашање, не сакам да именувам, сакам да се сконцентрирам на
фудбалерите кои ги повикав, што се однесува до Мората, тој имаше комплициран
крај на сезоната, можеше да биде повикан, но, едноставно таков е мојот избор“
рече Лопетеги.