223
Работнички постигна договор со Љупчо Марковски во следната сезона да биде главен тренер на тимот.
„Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб. Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички. Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.