Претходно кога Тетекс го крена гласот, од општина Тетово одговорија дека само прволигаши може да настапуваат на стадионот. ЖФК Љуботен не само што е прволигаш, тој е шампион на Македонија, па ги исполнува сите услови за настап на теренот каде засега игра само Шкендија.
„Вчера на ден 13.09.2023 во 09:00часот уредно доставивме барање до општина Тетово за одигрување на првенствениот натпревар од 4-то коло во Прва Женска Фудбалска лига со екипата на ЖФК Скопје на градскиот стадион во Тетово. Сите предуслови кои ги бараше претходно општина Тетово се исполнети. ЖФК Љуботен е прволигаш и двократен шампион а ФК Шкендија овој викенд игра на гости и стадионот е слободен. По 24 часа уште молк од општината. Јавно преку медиумите бараме општина Тетово да ни даде одговор до денеска до 12.00 како уредно би го пријавиле натпреварот до надлежните во ФФМ и МВР. Со надеж на позитивен одговор“, велат од клубот.