„Црвените“ се приклучуваат во трката за Магнес Аклиуш од Монако, кој со недели се најавува како нов фудбалер на ПСЖ.
Ливерпул и ПСЖ влегуваат во нова битка на трансфер пазарот откако клубот од Енфилд тропнал на вратата на Магнес Аклиуш од Монако.
„Црвените“ се поврзуваа со неколку имиња за засилување на крилната позиција, едно од нив беше Бредли Баркола од ПСЖ, но „светците“ поставија огромна цена од 150 милиони евра.
Па како што пренесува Скај Спортс, Ливерпул остварил контакт со Магнес Аклиуш од Монако и опипал терен за негов ангажман.
Магнес Аклиуш со недели се најавуваше како ново засилување токму на ПСЖ, „светците“ доставија неколку понуди, последна вредна 40 милиони евра.
Останува да се види како ќе заврши ова надмудрување помеѓу Ливерпул и ПСЖ, двата клуба исто така го меркаат и Јан Диоманде од РБ Лајпциг.
ФОТО: X/AS Monaco