Ливерпул прави одлична зделка, напаѓач кој лани даде само еден гол го продадоа за повеќе од 20 милиони фунти!

by
1 минути читање

Доменик Соланке
минатата сезона постигна само еден гол во Премиерлигата, а оваа нема одиграно
ниту една минута, но и покрај тоа 21 годишниот напаѓач го привлече вниманието
на неколку клубови.

Штутгарт, Фулам,
Хадерсфилд и Кристал Палас го сакаа на позајмица, но „црвените“ направија
одлична зделка. Голем број на медиуми попладнево пренесоа дека Ливерпул и
Борнмут си подале рака за трансфер вреден 19 милиони фунти плус бонуси.

Англичанецот на
Енфилд се пресели во 2017 од редвоите на Челси. „Сините“ бараа 10 милиони
фунти, Ливерпул нудеше 3 милиони, но двата клуба се најдоа на средина и се
договорија за зделка вредна 5-6 милиони фунти. Па Ливерпул сега
добро ќе се офајди од оваа инвестиција, и со бонуси ќе лапне повеќе од 20
милиони фунти.

Борнмут исто така
се договори со „црвените“ да го земе на позајмица до крајот на сезоната десниот
бек Натаниел Клајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани