Ливерпул планира да донесе 2-3 засилувања во средниот ред, листата со желби на Клоп е долга

by
1 минути читање

На синоќешната средба со новинарите, Јирген Клоп потврди дека се потребни промени во составот и најави дека летоска „црвените“ ќе го одврзат ќесето и ќе инвестираат во засилувања.

„Знаеме дека мораме да се подобриме и да промениме одредени работи. Летоска дефинитивно мора да направиме нешто на трансфер пазарот. Жал ми е што во моментов не можам да гарантирам настап во Лигата на шампиони, но ќе се бориме до самиот крај. Но мора уште сега да почнеме да се подготвуваме за настап на трансфер пазарот и да кроиме планови, без разлика на која позиција ќе завршиме“ – вели Германецот.

Приоритет е средниот ред и медиумите шпекулираат дека на Енфилд ќе пристигнат две или три нови имиња.

На листата со желби има неколку фудбалери, на врвот е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд а внимателно се следи и ситуацијата на Мејсон Маунт, кој ги прекина преговорите со Челси за нов договор.

Рубен Невеш од Вулверхемптон подолго време е на радарот на „црвените“, исто како Моисес Каиседо од Брајтон.

Во Италија пак се пишува за сериозен интерес за услугите на Николо Барела од Интер, кој со својата стамина и желба да притиска го има воодушевено Клоп, тренерот на Ливерпул неодамна изјави дека нема ништо против во својот тим да го има Италијанецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани