Ливерпул уште од зимоска беше заинтересиран за Елмас, се појавија информации дека Јирген Клоп лично разговарал со македонскиот репрезентативец, но до конкретна понуда тогаш не дојде, а Елмас остана за да го освои ,скудетото“, прво за Наполи по 33 години пауза.
И летово после одбиената понуда од РБ Лајпциг вредна 30 милиони евра, сериозен обид за ангажман за истата сума имал и Ливерпул, кој според информациите од Англија и Италија, почнале преговори за трансферот, но наполитанците потоа решиле дека македонскиот фудбалер не е на продажба зашто е многу важна алка во тимот.
Сепак, Елмас кај новиот тренер Руди Гарсија нема голема минутажа, два меча од по десет минути, па веќе се појавија шпекулации дека тој нема да го продолжи договорот со важност до јуни 2025 година и дека зимава Интер ќе се обиде да го ангажира.
Ливерпул и Клоп бараа засилувања за средината и летово ги донесоа аргентинскиот репрезентативец Алексис Макалистер, унгарската ѕвезда Доминик Шобошлај, младата холандска ѕвезда Рајан Гравенберх, како и јапонецот Ватару Ендо, сите фудбалери за врска.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.