Ливерпул ќе го урне сопствениот рекорд, подготвен е да плати 70 милиони фунти за еден фудбалер

by
1 минути читање

Обамејанг е фудбалер кој многу добро му е познат на Јирген Клоп од времето кога тој беше тренер на Борусија Дортмунд.

Клоп смета дека Обамејанг е фудбалер кој ќе го крене нивото на Ливерпул и го сака по секоја цена.

Обамејанг е проценет на 70 милиони фунти и таа е сумата која треба да ја плати клубот кој посакува да го има во своите редови.

Со цел да дојде до потребните средства, Ливерпул е подготвен и да продаде некој свој фудбалер, а најверојатно тоа ќе биде Даниел Стариџ кој никако да се врати во форма по повредите.

Но, проблем за Ливерпул е и фактот што за Обамејанг има интерес и од Реал Мадрид, но нејасно е колку точно е голема желбата на кралскиот клуб да го донесе напаѓачот.

Реал Мадрид може да е поатрактивна средина за Обамејанг, но навивачите на Ливерпул се надеваат дека Клоп е човекот кој може да го убеди фудбалерот да го облече црвениот дрес.

Голема е веројатноста Обамејанг да го напушти Дортмунд по крајот на оваа сезона, а останува да видиме дали тоа ќе биде за Ливерпул или пак за Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани