Ливерпул доби добра вест: Арнолд се враќа за градското дерби

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул минатата сабота го победија Бормут со 0:2, но останаа без Трент Александер-Арнолд кој се повреди.

Арнолд се здоби со повреда на бутниот мускул поради што мораше да го напушти теренот, а тоа предизвика загриженост во таборот на Арне Слот. Посебно затоаш то проценките беа дека ќе паузира неколку недели.

Меѓутоа последните вести се добри за Ливерпул и тој ќе може да помогне веќе идната недела во градското дерби со Евертон кое беше одложено

Ќе го пропушти натпреварот против Тотенхем во Карабао Купот, а нема да настапи и за викендот против Плимунт во ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани