Лингард открива која ѕвезда на Манчестер јунајтед секогаш доцни на тренинзите

by
1 минути читање

Во разговор со
Фор Фор Ту, Џеси Лингард говореше за однесувањето на неговите соиграчи.

Англичанецот
открива дека Андер Ерера е играчот кој најнапорно работи на тренинзите, додека
пак Златан Ибрахимовиќ најмногу ја посетува теретаната.

Хенрих Мхитарјан
прв доаѓа на тренинзите, и веројатно тоа е причината за добрата форма на
Ерменецот во последно време откако на почетокот од сезоната имаше проблеми со
адаптацијата на Премиерлигата.

Но на фановите на
Манчестер јунајтед веројатно нема да им се допадне одговорот на прашањето кој
играч доцни на тренинзите.

Џеси Лингард
открива дека тоа е Пол Погба, најскапиот фудбалер во историјата за кого
„Црвените Ѓаволи“ платија 105 милиони евра.

„Погба, тој
секогаш доцни
– вели Англичанецот.
„Без разлика која е причината, тој секогаш доцни
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани