ЦР7 вчера отпатува за Мадрид за да се појави на суд и да ја прифати спогодбата со даночните власти според која призна вина за затајување данок и доби парична глоба од 18,8 милиони евра како и затворска казна од 23 месеци која нема да ја одлежи.
Кристијано Роналдо не се задржа премногу во престолнината на Шпанија и брзо се врати во Торино. Португалецот на социјалните мрежи потоа сподели фотографија како ужива во комфорот на својот приватен авион и го навлече гневот на голем број фанови.
Проблем беше тоа што целата фудбалска јавност синоќа чекаше вести од потрагата по Емилијано Сала, чиј авион исчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта.
Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер реши јавно да го опоменe Кристијано Роналдо и на Твитер напиша: „Ова не е денот за ваква објава. Навистина не е“.
Not the day for this tweet. It really isn’t. https://t.co/61y6cgEzm0
— Gary Lineker (@GaryLineker) January 22, 2019