Лидс и Борусија Дортмунд подготвуваат огромни понуди за Елиф Елмас

by
1 минути читање

Иако веќе три години не е таму, турските медиуми често пишуваат за Елиф Елмас, новинарот Талха Арслан тврди дека Лидс и Дортмунд ќе понудат многу пари за македонскиот репрезентативец, иако не говори за точни суми.

„Лидс и Борусија Дортмунд кои се обидоа да го купат Елиф Елмас и летоска, ќе се испратат понуди до наполи со астрономски суми во зимскиот преоден рок“, вели Арслан.

Какви и да се понудите, не се верува дека Лидс и Борусија Дортмунд би можеле да дојдат до услугите на Елмас во овој период од неговата кариера.

Тој има договор со Наполи до 2025 година и Де Лаурентис не би требало да се откаже лесно од него.

Во моментов се проценува дека цената на Елмас е околу 70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани