170
Селекторот на
германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев со 3 милиони и 850 илјади евра
годишна плата е најплатениот селектор кој ќе ја предводи својата репрезентација
на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Русија.
По Лев, следат
селекторот на Бразил, Тите, односно на Франција, Дешан, со по 3,5 милиони евра,
а Станислав Черчесов од клупата на Русија годишно заработува 2,6 милиони евра.
Најмала годишна
плата од селекторите кои ќе ги видиме на Мундијалот претстојното лето е Алију
Сисе, кој на клупата на Сенегал има годишна плата од 200 илјади евра.