120
Јоаким Лев ги изненади сите со тоа што го исфрли Лерој Сане од составот на Германија кој ќе настапи на Светското првенство во Русија.
Сане имаше импресивна сезона во дресот на Манчестер Сити кој стана шампион на Англија, направи 15 асистенции во лигата, само Кевин Де Брујн имаше 16 Тој е единствениот играч во најдобрите пет лиги во Европа со повеќе асистенции од Сане.
Сане беше прогласен и за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата, и веројатно беше еден од најдобрите германски играчи оваа сезона воопшто.
На местото од Сане е земен Бранд од Леверкузен, а впечаток е дека и многу други играчи помалку заслужуваат повик отколку Сане. Но одговорноста е на Лев.
Конечниот состав на Германија: