Легендата на Ливерпул за Салах: Надвор од форма е три сезони!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец Емил Хески со своите зборови повторно го разбранува островскиот фудбал, коментирајќи ја формата на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. Хески смета дека Египќанецот веќе не е на нивото од пред неколку години и дека неговата форма полека паѓа, што веднаш предизвика бурни реакции меѓу навивачите на „црвените“.

Салах е надвор од препознатливата форма, но тоа е нормално кога имате повеќе од 30 години. Лани беше сосема друга приказна, тимот работеше во негова функција и тоа беше очигледно. Помалку трча, но подобро знае да се штеди и да го користи умот. За мене падот не е ништо ново, а ниту изненадувачки бидејќи трае веќе две или три сезони. Имаше натпревари во кои не играше добро, а даваше голови. Го забораваме дека е на терен, а тогаш ќе даде гол. Сега сме во ситуација да нема постигнато погодок во последните натпревари и вперуваме прст кон него, но тоа не е нова појава. Мохамед е интересен, тоа е еден од играчите кои никогаш не сакате да ги извадите од игра бидејќи секогаш е опасност по противничкиот гол. Сепак, кога нема да даде гол може да изгледа дека играте со десет играчи“, изјави Хески.

„Фараонот“ почна да влегува во форма и врза погодоци против Брентфорд и Астон Вила, но уште е далеку од статистиката што ја имаше лани кога дури 29 пати ја погоди мрежата во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×