Изминатиов период
имаше најави дека по Суперкупот на Италија ќе пристигне абер за новиот договор
на Рафаел Леао и продолжување на соработката.
Како што
пренесува денешното издание на Газета дело Спорт, постигнат е компромис за
висината на платата (6-7 милиони евра по сезона плус бонуси) како и за сумата
која играчот ја должи на Спортинг, но има уште неколку спорни точки во
преговорите.
Едната е
откупната клаузула, Милан преферира во новниот договор да нема откупна
клаузула, или пак таа да остане на нивото од сега (околу 150 милиони евра).
Агентите на
Португалецот пак на ум имаат нешто друго, откупната клаузула да биде поставена
на 80 милиони евра. Сумата е смешна ако во предвид се земе дека Челси овој
месец плати 100 милиони евра за Михајло Мудрик а Манчестер јунајтед минатото
лето ја плати истата сума за услугите на Антони.
Спорна е и провизијата
за агентите, пари бара адвокатот Тед Димвула, агентот Жорж Мендеш како и таткото
на Рафаел Леао.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.