Како што пренесуваат медиумите од Италија, Милан го понудил Рафаел Леао на Рома, „волчицата“ е во потрага на засилување за крилната позиција.
Рафаел Леао може да направи изненадувачки трансфер и да остане во Серија А, ова сценарио денеска беше објавено од весникот „Ил Месаџеро“.
Наводно Милан го понудил Португалецот на Рома, „волчицата“ е во потрага за засилување на крилната позиција.
Во моментов, главна цел на Џан Пјеро Гасперини е Мејсон Гринвуд, но газдите на Рома се уште немаат дадено зелено светло за испраќање на конкретна понуда до Марсеј, кој бара 50 милиони евра за услугите на Англичанецот.
„Ил Месаџеро“ додава дека Рафаел Леао ќе чини нешто повеќе, односно околу 60 милиони евра, но зделката може да се реализира по поповолни услови, односно да биде во форма на позајмица со обврска за перманентен трансфер.
Но Рафаел Леао засега не е во плановите на „волчицата“, но тоа може да се промени во текот на летниот преоден рок. Доколку клубот не успее да дојде до првата желба, ќе го разгледа трансферот на португалскиот репрезентативец.