Леао и Калабрија го спасија Милан против Лече, но Наполи побегна на +9 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан киксна на
гостувањето кај Лече, „росонерите“ испуштија два бода па Наполи сега има +9 на
врвот на табелата.

Домаќините
поведоа по три минути игра, Тео Ернандез си ја затресе сопствената мрежа за
1-0.  Во 23. минута следеше нов шок за
актуелниот шампион, Баскирото со глава донесе 2-0 за Лече.

Избраниците на
Пиоли силно притиснаа во продолжението од мечот, Леао намали на 2-1 во 58. минута,
за потоа Калабрија да изедначи на 2-2 во 70. минута.

Гостите имаа и
шанса за победа, Месијас ја погоди рамката од голот, а во продолжението од
акцијата, обидот на Жиру беше расчистен на гол линијата. Сепак, се чини дека
имаше офсајд на зачетокот, па ВАР ќе проверуваше доколку паднеше гол.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×