2,7K
„Нероаѕурите“
имаат проблем со играта во нападот и реализацијата на почетокот од годината,
вечерва избраниците на Инзаги славеа само со 1-0 против Верона.
И покрај тоа што
домаќините рано поведоа, Лаутаро Мартинез ја затресе мрежата уште во 3. минута,
Интер прикажа премалку во продолжението.
Инзаги и играчите
повторно имаа замерки кон судијата откако сметаа дека не им е досуден пенал, и
не беше покажан втор жолт и црвен на Кајн, но трите бода останаа на „Џузепа
Меаца“, па нема да реагираат толку бурно како по дуелот против Монца.