Лапорта се пофали: Со само 74 милиони евра изградивме конкурентен тим кој се бори за титула во Ла Лига

by
1 минути читање

Жоан Лапорта и
неговите соработници пред речиси две години го превзедоа раководењето на
Барселона, клубот беше во незавидна финансиска ситуација но полека работите се
движат во права насока.

„Горди сме на
храбрите одлуки кои ги превзедовме и со кои го однесовме клубот на прав пат
.
Триумфиравме во Суперкупот на Шпанија
и остануваме во битка за трофеј во Ла Лига, Купот на Шпанија и Европа Лига.
Приоритет е Ла Лига, ни оди добро, на врвот на табелата сме и играме во голема
форма, но знаеме дека не чека многу работа до крајот на сезоната“
– рече Жоан
Лапорта на денешната средба со новинарите.

„Клубот беше
финансиски уништен кога дојдовме, моравме да ја намалиме сметката за плати и
успеавме да скратиме 100 милиони, целта е таа бројка летоска да изнесува 170 милиони евра“.

„Потрошивме 215
милиони евра на засилувања, продадовме играчи за 141 милион евра, па со трошок
од само 74 милиони евра изградивме конкурентен тим кој сега се бори за титули“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×