Лапорта остро му одговори на Тебас: Паднаа маските… нема да ти го дадам тоа задоволство

by
1 минути читање

Првиот човек на
Ла Лига, Хавиер Тебас вчера го повика Жоан Лапорта да си поднесе оставка
доколку не може да понуди разумно објаснување за милионските исплати кои
„каталонците“ ги вршеле кон потпретседателот на судискиот комитет Енрикез
Негреира.

Жоан Лапорта
денеска остро му одговори и му порача дека нема да дозволи никој да ја валка
историјата на клубот.

„Во скоро време
ќе одржиме прес конференција и ќе ги објасниме информациите кои ги поседуваме.
Интерна истрага веќе е во тек“
– вели Жоан Лапорта.

„Одредени луѓе
веќе ме предупредија дека Тебас тера кампаѓа против Барса и против мене. Со
последната изјава паднаа маските. Тој има фобија од Барселона. Се откри
неговата намера да доминриа со Барселона од далечина. Но јас нема да му го
дозволма тоа. Исто така нема да му го дадам тоа задоволство да се повлечам
од претседателската фотелја. За ова одлучуваат партнерите, а не тој“.

„Секој што ќе се
обиде да ја извалка историјата и имиџот на Барселона ќе добие силен одговор.
Успесите ги постигнавме благодарејќи на многу работа, на многу труд и на спектакуларен
фудбал. Јас како претседател нема да дозволам никој да ја извалка нашата
извонредна историја“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани