Лапорта: Ќе го победиме Реал Мадрид, фудбалерите се многу мотивирани

by riste
0 минути читање

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е оптимист пред првото Ел Класико оваа сезона кое се игра утре (недела) со почеток од 16:15 часот.

Лапорта имал вечера со фудбалерите на Барселона по која бил уверен во позитивен исход за неговиот тим.

„Ќе го победиме Реал Мадрид в недела. Сигурен сум дека ќе се случи такво нешто. Имав вечера со фудбалерите, тие се ептен мотивирани. Сите се сигурни во победа. Ќе се потрудиме да ве направиме среќни в недела“, кажа Лапорта.

Минатата сезона Барса ги доби сите дуели со Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×