Лапорта и Барса влечат чудни трансфер потези: На Камп Ноу се враќа Обамејанг?!

by
1 минути читање

Пред 12 месеци,
Арсенал му го раскина договорот на Пјер Емерик Обамејанг и му даде одврзани
раце да се пресели на Камп Ноу.

Но кога минатото
лето пристигнаа Роберт Левандовски и Рафиња и конкуренцијата во нападот стана поголема,
„каталонците“ го продадоа Габонецот на Челси во зделка вредна околу 12 милиони
евра.

Пјер Емерик
Обамејнаг не се снајде најдобро на Стемфорд Бриџ, и сега по трансферот на Жоао
Феликс, се пишува за негово заминување. Неколку клубови пројавуваат интерес за
услуги на напаѓачот, а една од опциите е враќање на Камп Ноу.

Барселона пред да
почне конкретни преговори, стапила во контакт со Ла Лига и прашувала каква е состојбата
со сметката за плати и дали има простор за една ваква зделка.

Мемфис Депај се
поврзува со преселба во Атлетико Мадрид како замена за Жоао Феликс и доколку се
случи ваква зделка, ќе се креира место во буџетот за враќање на Пјер Емерик
Обамејанг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×