Лацио пред голем срам, Милан ќе има повеќе навивачи на „Олимпико“

by Стефан
1 минути читање

На „Олимпико“ денеска се игра дуелот меѓу Лацио и Милан, но вниманието на италијанската јавност не е насочено само кон случувањата на теренот. Причината е необичната слика што се очекува на трибините.

Од досега продадените околу 12.000 билети, заедно со 3.000 сезонски влезници, дури 10.000 места би можеле да бидат исполнети од навивачи на Милан.

Ваквата ситуација е последица на продолжениот бојкот на најверните навивачи на Лацио. Ултрасите на римскиот клуб и понатаму протестираат против претседателот Клаудио Лотито и поради тоа не присуствуваат на натпреварите на својот тим.

Поради нивниот бојкот, денешното дерби може да понуди несекојдневна слика. Наместо очекуваната доминација на домашните навивачи, „Олимпико“ би можел да биде обоен во „црвено-црни“ бои, со голема поддршка за Милан не само од гостинскиот сектор, туку и од останатите делови на стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×