Поради строгите и
ригорозни прописи во однос на заштитата од коронавирусот во Италија, постојат
две сценарија кои се можни да се случат, а се однесуваат на бараж пресметката
помеѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар.
Италијанските
здравствени власти не ја признаваат руската вакцина „Спутник“, впрочем тоа е генерално за Европската Унија, а „Ла Република“ наведува дека дел од македонските репрезентативци се вакцинирани токму со таа
вакцина, но другиот проблем е тоа што дел воопшто не се вакцинирани.
Со тоа постојат
две можни сценарија за кои известува италијанскиот весник, првото сценарио е
мечот да се одигра на неутрален терен, а не во Палермо како што е предвидено, а
второто сценарио е оние фудбалери кои не ги исполнуваат тамошните здравствени
критериуми да немаат право на настап.
Фото-вест: ffm.mk (архива)