Кваљарела на стари години испишува историја во Серија А, се изедначи со големиот Батистута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Големиот Габриел Батистута го држи рекордот во Калчото за најмногу натпревари во низа на кој постигнал барем по еден гол. Аргентинецот во 1994 во дресот на Фиорентина ја тресеше противничката мрежа на 11 мечеви во серија.

Ова постигнување сега го изедначи Фабио Кваљарел. Напаѓачот на Сампдорија, кој следната недела ќе наполни 36 години, денеска постигна два погодока против Удинезе и го изедначи рекордот на популарниот „Габигол“.

„Никогаш не го замислував ова. Се ежам само кога ќе го споменам Батистута. Немам зборови, веруваjте ми! – рече Италијанецот полн со емоции и со солзи во очите.

„За некој ден ќе наполнам 36 години, па навистина сум горд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани