Kвачарелија: Во Македонија доаѓаме по одмазда, тие ни се голем должник, ни го земаа Европското првенство

by
1 минути читање

Грузија е противникот преку кој изборивме пласман на Европското првенство откако ги победивме во Тбилиси.

Грузијците во Скопје доаѓаат полни со самодоверба по победата над Бугарија од 5-2. Нивната верба во своите квалитети се гледа и од изјавата на нивниот најдобар играч, Квича Kвачарелија.

„Во Македонија одиме по одмазда. Тие ни се голем должник, во Тбилиси ни го земаа Европското првенство, сега сакаме да им вратиме. Ќе направиме сѐ за грузиските навивачи да бидат задоволни. Целта ни е да играме на Европското првенство, а победата над Бугараија ни дава уште поголема самодоверба пред мечот со Македонија“, изјави Квачарелија.

Грузија е прва со шест бодови по првите две кола, ние имаме четири. За да го освоиме првото место во групата потребно е да освоиме најмалку четири бода против Грузијците и да ги победиме Гибралтар и Бугарија на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани