Заврши трансфер сагата
со Филипе Кутињо, 25 годишниот фудбалер кој по неуспехот во летниот преоден рок
да се пресели во Барселона, тоа му успеа во зимскиов јануарски преоден рок, за
него Ливерпул како обештетување доби фантастични 160 милиони евра.
Клоп го коментираше заминувањето на Кутињо: Секој има свои сништа, неговиот сон беше Барселона
Бразилецот на
социјалните мрежи се збогуваше со клубот, неговите фанови а му посака среќа на
тимот на Јирген Клоп, за кого вели дека каде и да биде во светот, секогаш ќе
навива за тој клуб, притоа издвојувајќи го популарното мото на тимот од „Енфилд“.
„Од моментот кога
пристигнав во Ливерпул, јас и моето семејство се чувствувавме добредојдени и
стекнавме многу пријатели во тој град“ напиша Кутињо.
„Се надевам дека оставив
добри спомени и моменти кои им донесоа радост на навивачите на Ливерпул, кога
дојдов во тој клуб бев свесен за неговата големина и историја, тоа што го
научив за време на мојот престој во Ливерпул беше срцето и уникатноста на тој
клуб, има сопствена личност, а воедно и карактер. Ливерпул беше сон кој успеав
да го реализирам и одвоив пет години од мојот живот за него“ додаде тој.
Бразилецот во писмото
наведе дека едно од нештата кое сакал да го оствари во неговата кариера било да
игра во Барселона, тоа сакал да го доживее и да ужива во истото се додека може
да игра фудбал, притоа побара и објаснување од фановите на Ливерпул.
На Клоп сите му се смеат на оваа изјава: Не бев тренер на Ливерпул кога беа продадени Суарез и Стерлинг, сега сум и Кутињо не го продаваме!
Германскиот стратег од
клупата на Редсите, Јирген Клоп, веднаш по официјализацијата на трансферот во
соопштението до јавноста кое беше објавено на официјалниот клупски сајт наведе
дека Кутињо бил професионалец и по тоа што се случуваше во летниот преоден рок,
а Бразилецот се осврна на кратко и на него.
„Ова не значи дека тие
повеќе не се за мене важни, ниту фановите, ниту клубот. Ништо нема да го
промени тоа што го чувствувам во срцето. Му посакувам на Јирген и на тимот само
радости и големи успеси до крајот на сезоната, а и после тоа“ напиша
Бразилецот.
„Без разлика каде ќе
бидам во светот, до крајот на мојот живот, јас секогаш ќе навивам за Ливерпул.
Вие, клубот и градот секогаш ќе бидете дел од мене. ‘You’LL
Never Walk Alone’“ беа завршните зборови на Кутињо во своето обраќање на
социјалните мрежи.