Куп на Македонија: Само реми за Вардар против Македонија Ѓ. П.

by
1 минути читање

Вардар денеска во Маџари ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров, одигра 1-1, па Ѓорчепетровци ќе имаат предност во реваншот поради голот постигнат на гости.

Македонија Ѓорче Петров имаше водство во првото полувреме со гол на Христијан Кировски, Вардар преку Лира во второто полувреме дојде до реми. Црвено-црните имаа неколку одлични можности за победа, но не дојдоа до неа.

Во останатите дуели од осминафиналето, бранителот на трофејот Шкендија славеше со 2-0 против Кит Го, Беласица со истиот резултат го совлада Пелистер, а Силекс беше подобар од Скопје. Работнички со минимални 1-0 победи против Тиквеш во Кавадарци, Победа со 2-1 го совлада Гостивар. Најефикасно беше во Штип каде Академија Пандев со 6-2 славеше над Брегалница.

Екипата на Кораби беше слободна, тие директно патуваат во четвртфиналето.

Куп на Македонија 1/8 први натпревари:

Вардар – Македонија Ѓ.П. 1:1

Шкендија – Кит Го 2:0

Тиквеш – Работнички 0:1

Скопје – Силекс 0:2

Пелистер – Беласица 0:2

Гостивар – Победа 1:2

Брегалница – Академија Пандев 2:6

Реваншите се играат на 3. октомври.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани